По првиот успешен сингл Спомени, Папаз и Танче го објавуваат вториот сингл кој исто така е дел од нивниот заеднички албум Елегија. Песната е наречена Нели бевме и во неа гостува актерката Марија Димитрова која ја интерпретира истоимената песна од великанот на пишаниот збор, Кочо Рацин.

Кочо Рацин е еден од основоположниците на современата македонска литература. Неговата стихозбирка Бели мугри претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската литература.

Музиката е на Папаз, аранжманот и продукцијата се на Танче, пијаното го свири Иван Еминовиќ.

Идејата за оваа песна е освежување и потсетување на ликот и делото на Кочо Рацин, а комбинацијата од ноти и поезија е секогаш вистинско уживање.

Албумот Елегија ќе биде промовиран наскоро, којдигиталнo ќе биде дистрибуиран од страна на хрватскатата музичка продукција „Менарт“. На него ќе се најдат осум композиции, четири авторски и четири преработки на македонски изворни песни.

Фотографијата е дел од новата фотосесија кој ја изработи фотографот Никола Николов.

OhridNews