По се изгледа Коби Брајант има голема заштеда, со оглед на тоа што издвоил 329 илјади долари за својот нов автомобил. Имено, станува збор за новиот Ферари 458 Италиа. Ако земеме во превид дека Коби за една сезона заработува повеќе од 25 милиони долари, овој трошок за него е како кога некој обичен човек купува половен автомобил.
Коби Брајант кон крајот на минатата година минувал низ тежок развод од сопругата Ванеса, која која немал предбрачен договор. Медиумите тогаш шпекулирале дека половина од својот имот, како и куќата, ќе мора да и ги даде на сега веќе поранешната сопруга, но можеме да заклучиме дека Брајант се снашол многу добро.