Во несреќен случај што се слулчил во с. Модрич-струшко животот го загуби Здравко Бурјаковски (63).

Според информациите од СВР Охрид Бурјаковски работејќи на терасата од семејниот дом загубил рамнотежа и паднал од височина 3-4 метри. Несреќниот селанец  го пронашле синовите кои веднаш повикале брза помош која само констатирала смрт.

На телото на починатиот не се најдени траги од нaсилство, соопшти полицијата.

Ohridnews