Регионалниот изборен штаб на коалицијата за Европа „Сонце“ денеска упати јавна благорност до гласачите во Охрид кои ја подржаа оваа коалиција на парламентарните избори што се одржаа во неделата.


“Им се заблагодаруваме и на сите гласачи кои беа дел од коректните парламентарни избори во 5-та изборна единицa“, рече координаторот на Регионалниот изборен штаб на „Сонце“ Бранислав Трпчески. Трпчески упати честитка и до победниците на изборите и најави дека пратеничката група на коалицијата „Сонце“ ќе биде квалитетна опозиција која будно ќе ги следи однесувањето на власта и ќе ја потсетува на дадените ветувања.


Од име на ЛДП благодарност до гласачите кои ја подржаа коалицијата „Сонце“ упати Боро Павловски. Тој упати честитка и до победниците, но напомена дека  според сите меѓународни извештаи изборите во неделата  биле најлошо организирани избори во Македонија.

ohridnews