Регионалниот изборен штаб на коалицијата „Сонце“ реагира на прес конференцијта на кандидатот за пратеник од коалицијата „За подобра Македонија“, Цветко Грозданов, одржана денеска, оценувајќи ја истата како несериозна. Во реакцијата меѓу другото се вели:

„Почитуван Грозданов, секоја честитка и во секоја прилика е одлика на културно однесување. Додека, пак, свикување Прес – конференции без никаков концепт и со рекла – казала муабети за фустани и панталони е тортура врз новинарската професија и одлика на малограѓанска свест“.

Пријателски Ви советуваме да не зборувате тогаш кога немате ништо паметно да кажете, се вели меѓу другото во соопштението на Регионалниот изборен штаб на коалицијата „Сонце“.

извор: Регионален изборен штаб на  коалиција „Сонце“