Регионалниот изборен штаб на СДСМ на 5 – тата Изборна единица, предлага и бара ТВ дуел на носителите на изборните листи во 5 – тата Изборна единица: Јани Макрадули од Коалицијата ” Сонце ” и Антонио Милошоски од Коалицијата ” За Подобра Македонија “. Таквиот дуел би бил во интерес на вистината, велат од Регионалниот изборен штаб на коалицијата „Сонце“.

Оставаме ТВ куќата и терминот на одржување на ТВ Дуелот да го одреди Коалицијата ” За Подобра Македонија “, а секаква нивна одлука ќе ја почитуваме.

Веруваме дека г-динот Милошоски ќе има доблест и храброст да излезе на ТВ Дуел пред македонската јавност со Јани Макрадули, со што ќе се придонесе за спроведување на фер, демократски и  коректни избори, се вели во соопштението од коалцијата „Сонце“.

извор: Регионален изборен штаб на коалицијата „Сонце“ за 5-та ИЕ