Во рамките на своите редовни планирани предизборни активности, кандидатите за пратеници на листата на Коалицијата за Европа „СОНЦЕ“ од 5-тата изборна единица синоќа се претставија на централниот митинг, што Коалицијата „СОНЦЕ“ го одржа во Кичево. Пред кичевчани, уште еднаш беа истакнати основните заложби на коалиционите партнери за европската иднина на Македонија и беа презентирани основните одредби од изборната програма на Коалицијата „СОНЦЕ“ во врска со претстојните вонредни парламентарни избори.
Во рамките на своите редовни планирани предизборни активности, кандидатите за пратеници на листата на Коалицијата за Европа „СОНЦЕ“ од 5-тата изборна единица, денес, во поладневните часови, ќе ги посетат и ќе остварат повеќе средби со граѓаните од месните организации 15-ти Корпус, Илинден и Радојица Новичиќ во Охрид.
ОО СДСМ Охрид
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com