Партиите кои се здружија во Коалицијата „Сонце“ тоа не го направија поради сопствен интерес, туку за да и стават крај на политиката на Никола Груевски која се заканува да ја уништи иднината на Македонија. Ова беше истакнатото на прес конференцијата во регионалниот Изборен штаб на коалицијата „Сонце“ во Охрид, на која беа говореа претствниците од здружената опозиција.


Економската криза во која се наоѓа земјата веќе 17 години, меѓуетничките односи и евроатлантските интеграции се прашања кои ги надминуваат теснопартиските интереси, а нивното решавање бара ангажман од сите прогресивни европски сили во земјата за да се стави крај на политиката на премиерот Груевски, истакна лидерот на Либералната партија Стојан Андов.


Андов напомена дека реални се ветувањата на коалицијата „Сонце“, дека Македонија за 6 месеци може да влезе во НАТО и да добие преговори за ЕУ. Ние знаеме како да го решиме проблемот со Грција кој се однесува на меѓународното име на земјата, а не на уставното име. Од ниту еден преговарач на ОН каде се водат преговорите, не е доведено во прашање уставното име на земјата ниту идентитетот на македонскиот јазик, напротив Никола Груевски со идејата за референдум прв го постави тоа прашање, рече Андов. Тој го обвини лидерот на ВМРО ДПМНЕ дека го опструира решението на проблемот со името, и практикува затворен тип економија што е спротивно на европските директиви, со што, како што рече Македонија ја држи во изолација.


Во прашање е иднината на Македонија, а не освојување на власта, истакна координаторот на ИШ во 5-та ИЕ од редовите на СДСМ, Бранко Трпчески. Тој зборуваше за приоритетите од изборната програма на коалицијата „Сонце“ кои како што рече се темелат врз реални основи, а не врз ветувања како што тоа го прави власта. Трпчески истакна дека во ВМРО ДПМНЕ владее хипокризија, весниците се преполни со огласи за вработувања кои ги распишала владата, а притисоците врз локалните самоуправи каде градоначалници се опозциционери се секојдневие.


На средбата со новинарите присуствуваа и претставници на ЛДП, НСДП и Нова Алтернатива.

ohridnews

повеќе за изборните активности во Охрид:
„Избори 2008“