По завршување на распишаниот јавен повик за избор на младинска организација која ќе раководи со Младинскиот центар Охрид, градоначалникот Кирил Пецаков, донесе решение со кое Коалицијата „СЕГА“ се избира за организација која ќе раководи со Младинскиот центар Охрид.
Со избраната младинска организација ќе биде склучен договор во кој детално ќе бидат наведени нејзините обврски како и обврските на Општина Охрид, посочуваат.
Коалицијата „СЕГА“ и претходно раководеше со Младинскиот центар во Охрид, почнувајќи од 2022 година.
Младинскиот центар е место каде се подготвуваат и спроведуваат програми кои се однесуваат на подобрување на благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјален и професионален живот на младите, се споделуваат информации од важен интерес за младите и други апекти од животот на младите, согласно член 22 од Законот за младинско учество и младински политики.
Центарот е лоциран во дел од просторот во поранешната касарна во Охрид.
OhridNews