Гостите на еден австралиски бар се изненадиле кога во локалот влегла коала во потрага за засолниште од невремето кое беснеело надвор. Симпатичното животно застанало до шанкот и заспало. Овој несекојдневен настан се случил на Магнетниот Остров во Австралија.


Иако бил почестен со доаѓањето на животното, сопственикот сепак ја повикал службата за заштита на животните кои ја презеле грижата за коалата. Сопственикот за локалните медиуми изјавил дека ова е прв пат да види вакво нешто и дека коалата во барот се чувствувала сосема сигурно.