Добитникот на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, истакнатиот корејски поет Ко Ун, денеска во Домот на македонските писатели во Скопје ќе биде прогласен за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.
За творештвото на Ун ќе зборуваат Мите Стефоски, директор на СВП, и Славе Ѓорѓо Димоски, претседател на Управниот одбор на струшкиот поетски фестивал. На средбата венценосецот ќе им се обрати на љубителите на поетскиот збор од главниот град на нашава земја кои ќе имаат можност непосредно да се запознаат со неговото творештво.
OhridNews