Месната заедница од с. Речица, реагира дека во атарот на селото се врши сеча на дрва веднаш до речното корито на местото викано Мала Река/Равен, во центар на село Речица, каде што постои ризик од свлечиште. За тоа Месната заедница со допис ги известила надлежните институции.

Останат е само тој појас кој што не е исечен, бидејќи досега се околу е соголено. Дали постои валидна документација за оваа сеча, дали сте известени? Ние во село Речица имаме веќе недостаток на вода, а со оваа сеча овој проблем ќе се продлабочи дополнително. Ако има тендер зошто не е земено предвид дека локацијата е ерозивна, и тие дрва се заштита на водата и природата. До кога ќе дозволувате неконтролирано да се сечат шумите? – стои во дописот на претседателот на МЗ од с. Речица, Елена Аврамоска испратен до надлежните институции.

Месната заедница бара од надлежните веднаш да се прекине сечата на дрва во село Речица, бидејќи постои опасност од уништување на реката и животната средина.

OhridNews