Титулата во Купот има големо значење во фудбалската историја, речиси како трофејот од националниот шампионат. Во Македонија, многу голем акцент се става на Купот и секогаш е интересен, бидејќи е микс на екипи од Првата, Втората и понекогаш, Третата лига. Често, фаворитите не се радуваат на трофејот на крајот од сезоната и затоа Купот е интересен и привлечен, за релативно послабите екипи.

Големиот пехар кој му се доделува за победникот во Купот на Македонија е изработен од академскиот вајар Наќо Беќаровски.

Пехарот е висок е 51 сантиметар, тежок 10.5 килограми и ги отсликува сите битни историски, културни, географски и природни вредности и богатства на Македонија.

Фудбалската топка преставува афион, а горниот цвет на афионот е од четири латици кои ги симболизира четирите дела на Македонија. Под топката се пламените јазици што ја симболизираат вековата борба на македонскиот народ. Столбот е обвиткан со винови лози и грозје што ја симболизира тиквешијата, основата е со фрагменти од историјата и културното наследство на Македонија, Камениот мост и шара на македонскиот килим.

Првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, му го предаде пехарот на капитенот на Вардар, Љупчо Марковски – Калц во првото финале од Купот на Македонија одиграно на 23. мај 1993 година меѓу Вардар и Пелистер.

Најтрофеен клуб со пет титули е Вардар. Со четири титули следува Работнички, а со три Слога Југомагнат. Шкендија, Тетекс, Пелистер и Силекс имаат по два трофеи.

OhridNews