Нова авторска песна од охриѓанецот Александар Петрески. Станува збор за песната со наслов „Која си ти“, за која музиката, текстот, аранжманот и миксот се на Петрески, додека видео продукцијата е на Климент Симоноски, а мастерингот на Зоран Кречо Krecho Sound Studio.
Ја напишав минатото лето, една година ја свирев и пеев за себе, за да по некое време (тоа го правам со најголем дел од песните) по природен пат си добие свој карактер, вели Петрески.
Упатува благодарност до сите кои дирекно и индирекно му помогнале во реализација на овој проект.
Видеото, вели, е снимено на неколку локации во магичниот Охрид, кои како и секогаш, нудат бескрајно уживање.
OhridNews