Издаваштвото „Везилка2011“ ја објави на македонски јазик книгата есеи „Книжевноста и дните“ на угледниот српски поет, критичар и есеист Гојко Божовиќ.

Нагласувајќи дека поводите се мајка на есеите, Божовиќ во оваа книга во различни варијации го застапува уверувањето дека односот на книжевноста и стварноста, општествена или политичка, медиумска или идеолошка, суштински е асиметричен.

Книгата содржи четириесетина есеи поместени во три циклуса: „Времето и поезијата“, „Романсата на читањето“ и „Книжевноста во времето на транзицијата“.

Белградската критика оваа ја пречека со оценката дека во неа „Гојко Божовиќ ни се претставува како сигурен повереник на уметноста без која човечкиот живот би имал помалку смисла“.

OhridNews