Во организација на Заводот и Музеј – Охрид, во спомен куќата на Прличев, денеска на пладне ќе се одржи Книжевно здание на Благоја Силјаноски.

Беседа за Силјаноски, ќе одржи писателката Светлана Христова Јоциќ, а фрагменти од неговите дела ќе чита Анета Јованоска.

Овој културен настан ќе биде збогатен и со музички настап на ученици од ОМУ „Методи Патче“.

Благоја Силјаноски е новинар, работниот век го започнал во Радио Охрид во 1970 година, а од 1975 преминува во РТС Скопје (денес МРТВ) каде е директор на регионалниот дописен центар – Охрид. Од 1990 до 1996 беше прв претседател на Собранието на општина Охрид. Магистар е по економски маркетинг. Досега има издадено 7 книги.

ohridnews