Во организација на охридската библиотека „Григор Прличев“ и Почесниот конзулат на Руската федерација-Охрид, утре, со очеток во 12 часот во Прличевата одаја, по повод Светскиот ден на поезијата, ќе се одржи книжевно пладне на кое ќе биде претставен избор од творештвото на руските поетеси Ана Ахматова (1889-1966) и Марина Цветаева (1892-1941).

За нивниот живот и поезијата ќе зборува Елена Обухова, а стиховите ќе ги интерпретираат Маја Мојсова и Тоде Илиевски.

OhridNews