Во организација на Францускиот институт во Скопје и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од денеска до 11 септември ќе се одржи Книжевниот саем за млади насловен „Патување на француската книга“.
Во рамки на манифестацијата во Македонија ќе гостува францускиот театар „Ларденоа“ со „Камион со приказни“, кој ќе има повеќе настапи низ земјата како дел од регионалната турнеја.
Според агендата, театарот „Ларденоа“ денеска напладне, во ОУ „Димитар Миладинов“ во Скопје ќе ја изведе претставата „Волчо Страшниот“.
Книжевниот саем за млади „Патување на француската книга“ ќе биде отворен утре во просториите на НУБ „Св. Климент Охридски“. Ќе присуствува амбасадорката на Франција во Македонија, а ќе се обратат директорот на библиотеката Иван Заров и Изабел Марки Барбо, директор на Францускиот институт во Скопје.
OhridNews
Извор:„МИА“