Двочасовно патување низ световите на книжевноста по повод 6-ти март- Денот на книгата во Младински Центар Охрид.
На настанот предвидено е инспиративен разговор со авторите Јордан Коцевски и Евгенија Н. Веровска Трајаноска за нивниот креативен процес, креирање кратки приказни во тимови, забавен квиз со интересни категории и награди, како и неформално дружење со љубители на литературата, информираат од Младински Центар.
Настанот ќе се одржи утре со почеток во 18:30 часот.
OhridNews