Во рамки на проектот „За сите деца“ под мотото „Културата расте со децата“, утре, 16 август, со почеток во 20 часот, на плоштадот „Вангел Наумовски“ ќе се одржи Книжевен хепенинг за деца.

Во рамки на настанот ќе има претставување на авторите, писатели за деца Билјана Црвенкоска, Ели Маказлиева, Роза Костеска и Васка Јовановска, како и мини саем на книги и изданија за деца, информираат од Општина Охрид.

Во рамки на настанот предвидена е и музичка програма во чии рамки ќе настапат дечињата од „Малите ѕвездички КА-2“ и фестивалот „Распеано рибарче“.

OhridNews