Уличниот саем на книги летово привлекуваше доста посетители, поточно минувачи кои само фрлаа по некој поглед. Ретко некој купува бидејќи луѓето ем немаат навика да читаат ем книгите што се нудат се едноставно – прескапи. Како за „на старо“.
На пример насловот „Игра во ржжта“ од Селинџер една дама која неколку лета по ред продава книги во Охрид, го цени дури 450 денари без можност за ценкање. Ова дело издадено прв пат во далечната 1951. на e-bay или на Амазон (веб за купување книги) може да се најде за 4 долари. Значи, нова книга со се` поштенски трошок е поевтина од онаа (испечена на сонце) што се продава на старо во Охрид.
И други поактуелни наслови беа прилично скапи. „Кодот на Да Винчи“ – 450 денари, „Голата пионерка“ – 400 итн. Навистина, во книгата е мудроста ама овие можеа да бидат малку поевтини.
С. Костоски