Книгата „Иконите на Дичо Зограф од црквите во Дебар и Мала Река“ на д-р Сашо Цветковски ќе биде промовирана во сабота на 25-ти јули 2015 година во Куќата на Уранија во Охрид, со почеток во 20 часот. Промотцијата се организира во рамки на „Научно и уметничката визита 2015“, а промотор на книгата ќе биде академик Цветан Грозданов.

Според најавите, на 26-ти јули во недела во Куќата на Уранија ќе има промоција на книгата „Македонската Глаголица” од академик Ѓеорѓи Поп-Атанасов. Во рамки на промоцијата ќе биде презентиран и Илустративен приказ на мапата на Глаголицата од авторите Фехим Хусковиќ и Трајче Блажевски.

OhridNews