ПНВ Публикации ја објави книгата „Збороигри – 2“ од Славе Ѓорѓо Димоски која содржи четириесетина брзозборки.
Книгата е наменета за деца од предшколска возраст како и за деца во првите години на образованието. Содржината на книгата пртставува вежби за убаво, течно и прецизно говорење кое се учи на таа возраст, како и гласови кои при учење на говорот потеко се изговаат.
Поделени се во четири циклуси: „Мали игри“, „Азбучни игри“, „Откачени игри“ и „Народни игри“. Книгата изобилува со тематски илустрации кои се дело на Јулијана Величковска.
Од издавачката куќа велат дека ова е прва книга од новата едиција „Бадем“, во чии рамки ќе се издаваат наслови наменети за деца и млади.
OhridNews