Книгата од Херберт Маркус, Есеј за ослободувањето, е вратена во библиотека во Шведска после 37 години. Покајаникот кој сепак одлучил да ја врати споменатата книга ја испратил преку пошта. Книгата требало да биде вратена на 11 ноември 1971 година.
Херберт Маркус (1898-1979) бил германски филозоф и социолог, и еден од оснивачите на франкфуртската школа. Во шеесеттите бил познат како „татко на новата левица во САД“ поради желбата да зборува на студентските протести. Негови најзначајни дела се: Ум и револуција, Ерос и цивилизација и Човек со една димензија.