Персоналот на една англиска библиотека се изненадил откако во поштенското сандаче пронашол книга позајмена пред 45 години. Помошник директорот на библиотеката во Динигтон, Алисон Лори, изјавила дека примерокот на првото издание на “Quatermass and the Pit” од авторот Најџел Нил требало да биде вратен на 15 октомври 1965 година.
Според нејзините зборови, библиотеката нема податоци за кој човек се работи, бидејќи институцијата не чувала податоци од тој период. Вратената книга била испратена по пошта без пропратно писмо или порака.