Тома Фила, угледниот белградски адвокат, роден во Битола, а вљубен во Охрид, (култната Летница му е вториот дом), после 6 децении во професијата, објави книга, насловена: “Тома Фила – завршен збор”.

Во книгата, на 480 страници, низ пишуван збор и факсимили од документи, Фила дава слика на општествено-политичките состојби, и тоа не само од аспект на правосудството, во поранешна, Титова Југославија, периодот на крвавиот распад на земјата во деведесетите години, создавањето на независните републики, денешниот актуелен миг.

– “После моето голем искуство со Хаг и документите што ги видов, стравувам дека не дошол крајот на невољите, неизвесноста и неприликите нема да престанат, се додека не пронајдат некој политичар кој ќе ги исполни следниве барања да ја признае незавосноста на Косово, да воведе санкции кон Руската Федерација, да прифати некој модел на автономија за Санџак, јакнење на автономијата на Војводина до федерализација, да ја дисциплонира Република Српска, но не и да ја укине, и, во финале, да прифати присуство на НАТО во Белград”. – ја предвидува Фила српската иднина, искажувајќи, сепак, надеж дека “ќе се промени распоредот на силите во светот”.

Книгата изобилува со изворен материјал и лични сведочења, поврзани со Македонија и Македонците кои службувале во сојузните југословенски државни органи и партиски раководства.

За атентатот врз првиот претседател на самостојна и независна Република Македонија, Киро Глигоров, Фила тврди дека бил “дворски”, односно дело на неговите соработници!

Како бранител и личен пријател на титовата вдовица Јованка Броз, Фила сведочи дека Македонци се погрижиле за нејзината судбина, по смрта на Маршалот. Најповеќе Димче Беловски, потоа Владо Камбовски-за пензијата, Кирил Миљовски- за куќата. Самиот тој, и обезбедил пасош и лични документи, како советник на тогашниот српски министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Од ФБ профилот на Веле Митаноски
OhridNews