Непотполна копија на „Нирнбершките хроники“, стара 500 години, се продава за 35 илјади долари во градчето Сенди во Јута. Се смета дека тоа е една од најубавите илустрирани книги од 15 век. Објавена била во Германија во 1493 година и во неа била опишана историјата на светот почнувајќи од библиските времиња.


Кен Сандерс, која се занимава со проценка на вредноста на стари книги, случајно во април наишла на книгата додека волонтирала во Сенфи, градче оддалечено 25 километри од Солт Лејк Сити. Сопственикот рекол дека книгата ја наследил од својот чичко и дека таа со години стоела недопрена собирајќи прашина. Тој не знаел за вредноста на книгата се додека тоа не му го открила Сандерс.