Деновиве, излезе од печат книгата со есеи за светската книжевност “Книгољубецот“ од Ерол Туфан. Во неа се објавени вкупно осумнаесет есеи за светската и македонската литература, а меѓу другите автори во неа се опфатени: Кафка, Казанова, Цвајг, Зуко Џумхур, Неџати Зекирија, Ниче, Едгар Алан По, Ферид Мухиќ и други.

Ерол Туфан е по потекло од Република Македонија (роден е во градот Гостивар во 1959 година), а денес живее и работи во Република Турција. Тој е редовен учесник на Струшките вечери на поезијата и на други книжевни манифестации во Република Македонија, а оваа книга е негово прво публикувано критичко-есеистичко остварување.

Ерол Туфан покрај есеите пишува поезија и прозни записи и преведува.

За неговата книга “Книгољубецот“, новинарот Јанко Николовски во предговорот, меѓу другото, ќе забележи: “Човек што наоѓа разбирање за наводно нејасниот Кафка или за сам на себеси спротивставениот Едгар По, всушност нé утешува со мислата дека вистинската убавина, како и идеалот впрочем се недопирливи, туку само доживливи“.

OhridNews