И оваа година културно-информативниот центар „Култура 365“ од Охрид продолжува со промовирањето на книжевни дела од македонски автори.

Секој што ќе го посети Културно-информативниот центар „Култура 365“ на ул. „Цар Самоил“ бр. 34, во периодот од 19 до 25 јануари 2015 година помеѓу 09.00 и 15.00 часот ќе добие книга на подарок. Овој пат во акцијата „Неделата на книгата …“ се доделува стихозбирката „Морето се мурти“ од Зоран Јакимоски.

Зоран Јакимоски е роден во Охрид, Велестово, во 1968 година. Автор е на книгите поезија: „Граматика на поривот“, „Совршен молк“, „Зборот неизречен“, „Морето се мурти“ и „Ништо не е недостижно“.

OhridNews