Една аргентинска издавачка куќа лансирала необичен концепт на книги кои се самоуништуваат ако читателите веднаш не ги прочитаат.

Овие книги мора да се прочитаат во “еден здив“. Не постои можност да се започне едно поглавје и да се заборави на книгата, па по неколку недели или месеци да се продолжи со читање.

Еднаш отворената книга мора да се прочита во рок од два месеци инаку доаѓа до нејзино самоуништување. Овој порект е лансиран со цел да промовира нови автори.
-Ако луѓето не ги прочитаат нивните први книги, тие никогаш нема да издадат друга – велат промоторите на овој концепт.
Овие книги се продаваат во пластична амбалажа. Кога еднаш ќе се отворат, буквите почнуваат да бледеат и во рок од два месеци ќе исчезнат.Ќе останат само кориците и празни страници. Овие книги се многу барани и првото издание се потрошило за само еден ден.