Местото на тронот за најдобар изглед во светот на фудбалот сериозно и е разнишано на италијанската новинарка Дилета Леота, откако на сцената се појави Ема Луис Џонс, која работи во клупската телевизија во англискиот премиерлигаш Лидс.

Англичанката која на ТВ екраните прв пат се појави на Мундијалот во Русија, сигурно се пробива на врвот, бидејќи покрај со убавината, плени со познавањето на фудбалот и добрите интервјуа со фудбалерите на Лидс, каде настапува македонскиот репрезентативец Езџан Алијоски.

Луис Џонс е активна на социјалните мрежи и често поставува провокативни фотографии, кои привлекуваат големо внимание во јавноста. Таа е дел од клупската телевизија на Лидс но има понуди да работи во националните телевизии „Скај Спорт“ и „Би Би Си“.

OhridNews