Во интервју за СВЅ news актерот за прв прат проговорил за деталите за просидбата.
Клуни се пошегувал дека Амал, откако ја изненадил со прашањето, некое време го држела на „иглички“ и дека тоа не било нималку лесно да се поднесе.
“Многу брзо станав свесен дека Амал е жената со која сакам да го поминам остатокот од животот, но никогаш за тоа не разговаравме, така што не можев да речам “еј, можеби би можеле да се венчаме“. Ја изненадив кога клекнав пред неа и ја побарав за жена. Таа упорно збунето повторуваше “о Боже“ бидејќи навистина тоа не го очекуваше“, изјавил Клуни.
Збунетоста на Амал, признава, траела половина час.
“Само така останавме, и конечно и реков:„Слушај, имам 52 години а на колена сум веќе околу 28 минути, затоа дај ми некој одговор побрзо, или ќе добијам некоја повреда на колкот, а можеби и нема да можам да станам од оваа положба“.
Клуни исто така открива и дека ја запросил во својот дом во Лос Анџелес и тоа низ звуците од песните на својата покојна тетка Роузмари Клуни која со Бинго Крозби глумела во филмот “Белиот Божиќ“.
“Бевме дома и пуштив листа од песни од мојата тетка Роузмари“, изјавил актерот кој до неодамна важеше за најпосакуваниот холивудски ерген.