Познатиот американски актер Џорџ Клуни го изгребал автомобилот на една жена со својата лимузина и во знак на извинување и купил потполно нов автомобил.


Жената, инаку, била негова голема обожавателка, а инцидентот се случил во италијанскиот град Пенабили. Клуни веднаш ја признал вината за несреќата, а кога жената отишла да го земе својот автомобил од поправка, ја дочекал нов автомобил Lancia Ypsilon, и порака на шофершајбната: „Многу ми е жал. Се надевам дека ќе ми простите. Џорџ Клуни“.


Ова не е прва сообраќајна несреќа во која учествувал актерот. Минатата година тој и неговата тогашна девојка Сара Ларсон доживеале несреќа додека се возеле на неговиот мотор – Харли Дејвидсон. Клуни во таа несреќа скршил ребро, а Ларсон два прсти на ногата.