На сите им е добро познато дека холивудските актери Бред пит и Џорџ Клуни се многу добри пријатели. Според пишувањата на американските медиуми, тие двајца планираат да направат фешта на претстојното доделување на Оскарите. Неименуван извор близок на организацијата на доделувањето за медиумите открил дека Клуни и Пит би можеле своите поубави половини да ги остават дома и на доделувањето да се појават како пар.
Шегата отишла дотаму што Клуни предложил да се појави во фустан, но сите мислат дека нема да оди толку далеку. Сепак, ако се земе во предвид дека тие двајца кога се заедно се однесуваат како средношколци, се е можно. На сите им било речено дека на доделувањето на Оскарите од нив двајца се очекува нешто неочекувано.