Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге рече дека државава освен што ги нарачала вакцините преку КОВАКС механизмот, исто така ги завршила и сите финансиски и административни процедури.

Нарачката е направена, комплетирани се финансиски и административни процедури. Во постојан контакт сум со министерот за здравство Венко Филипче. Пред точно една година бев во Скопје и оттогаш работиме заеднички. Системот е подготвен, од страна на државата е направено се што треба, но она што треба да го знаеме е да се има уште малку трпение, да се почитуваат мерките за јавното здравје, истакна Клуге во интервју за Телма телевизија.

Тој потенцира дека целиот свет се соочува со недостиг од вакцини и дека производителите мора да го зголемат производството, а дека солидароста на земјите е единственото оружје против вирусот.

Солидарноста засега е единственото оружје против вирусот. Непријателот е вирусот. Посветени сме на солидарноста. Секоја држава се бори, тоа е точно дека имаме проблем и затоа е многу важно да се зголеми капацитетот на производство, бидејќи цел свет се соочува со овој недостиг, додаде Клуге.

OhridNews