Општината Охрид, Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ и охридскиот Сојуз на спортови потпишаа меморандум за соработка. После официјализирање на договорот Општината Охрид му ги додели додели документите за субвенционирање на десет клубови од Охрид за користење на терените од Ј.П. „Билјанини Извори“.


– Ние како Општина Охрид секогаш му поддаваме рака на спортот и безрезервно го поддржуваме. Со овие договори клубовите можат да ги користат терените на Ј.П. „Билјанини Извори“ и им посакувам многу успеси и врвни резултати. – рече градоначалникот Никола Бакрачески.


По повеќе од три месеци Ј.П. „Билјанини Извори“ доби струја и веднаш може да се стави во помош на спортистите за непрекинато функционирање.

– Со потпишаниот договор со Општината Охрид и Сојузот на Спортови ние како Јавно претпријатие ќе имаме два бенефити. Едниот што ќе имаме финансиска помош од Општината, а вториот е тоа што клубовите каде членуваат многу деца ќе ги користат нашите добра и услуги. – потенцираше Ристе Мишев.


Првиот човек на Сојузот на спортови, Коста Карадимче изрази задоволство за постигнатиот договор и му посака плодна година на сите спортски клубови во Охрид.

За субвенционирање Општината Охрид за 2015 година од буџетот оддоли повеќе од 2 милиони денари, а добрата ќе ги користат девет спортски клубови и Општинскиот фудбалски сојуз.

Ohridnews