Клубот за спортови на вода „Акватика” врши упис на нови членови на возраст од 7 до 12 години во школата за едрење која започнува на 15.06.2015 (понеделник) и ќе трае цело лето.

“УЧИМЕ ДА ЕДРИМЕ” – Школа за едрење 2015

Уписите ќе се вршат во просториите на клубот кој се наоѓа на плажа Горица 1, до поранешен х.Парк (Голден Бич) од 10 до 14 јуни, од 11:00-17:00 часот.

Школата за едрење се состои од 2 дела: теоретски и практичен. Во теоретскиот дел се учат основните делови на едрилицата и нејзината опрема, основи на метеорологијата, основните едриличарски принципи и однесување на вода, како и основните регатни правила.

Низ практичниот дел се изучуваат основното управување со едрилицата, едрење во различни курсеви во однос на ветерот, едрење по слаб и умерен ветер, основни едриличарски јазли.

Школата за едрење трае во текот на целото лето, а во зависност од напредокот, новите членови се вклучуваат во понапредна група и добиваат можност да настапат на дел од националните и меѓународните натпревари низ Европа на кои нашиот клуб клуб е редовен учесник.

За дополнителни информации контактирајте не на тел. 078 472-482 и 078 269-041 и преку нашата официјална FB страна: https://www.facebook.com/watersportsclubaquatica.

Ohridnews