Членови на Клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид, зедоа учество во генералка викендот, во рамки на кој се чистеше езерото Мантово во Општина Конче и неговата околина.
Од езерските води извадена е поголема количина најразличен цврст отпад, кој заедно со отпадот собран околу езерото, беше соодветно депониран.
Еко акцијата во која учествуваа нуркачите од Клубот за подводни дејности „Охрид“, ја организираше Општина Конче заедно со „Маn And Mountain“, рудникот Боров дол, Пакомак, Пивара Скпје, ЈПКД Лакавица и други организации и волонтери.
Клубот за подводни дејности „Охрид“ направи генералка на езерото Мантово
OhridNews