Клубот за подводни дејности Охрид наскоро ќе одбележи значаен јубилеј, 40 години постоење. Одбележувањето ќе се одржи во рамки на Третиот нуркачки конгрес на кој се поканет сите нуркачи во Република Македонија, без разлика на која Асоцијација припаѓаат.

Свеченоста ќе се одржи во хотелот „Инекс Горица“, во сабота, 1-ви март 2025 година, со почеток во 12:00 часот на која ќе бидат доделени благодарници и признанија. Оваа година се очекува да присуствуваат предавачи кои ќе зборуваат за новитетите во нуркањето, опремата и слично. Се очекува поголемо присуство и интересни теми од нуркањето, опремата и подводната медицина. По завршувањето на работниот дел, предвидена е коктел забава и дружење, велат организаторите.

Следниот ден, 2 март, ќе се одржи нуркачка екскурзија со брод и нуркање на локалитетот „Заум“.

Целокупниот настан е во огранизација на Клубот за подводни дејности Охрид.

OhridNews