Клуб Ребел Охрид 17.08.2024
Оваа сабота клубот „Ребел“ и Охрид ќе бидат епицентар на забавата.
На 17 август за прв пат во Македонија фановите на добриот ритам ќе имаат можност да ја почувствуваат енергијата што ја носи „Absolut ultimate experience“ забавата на која ќе настапи еден од водечките диџеи и продуценти, светскиот патник Кристијан Смит (Christian Smith).
„Absolut“ забавата во „Rebel“ покрај сетот на електро легендата Кристијан Смит ќе понуди и извонредно визуелно доживување. Сите што на време ќе обезбедат влезница ќе добијат специјална вајарлес нараквица, а во ритамот на музиката ќе танцуваат и професионални танчерки специјално ангажирани за овој настан.
Карти за спектаклот на летото во Клубот „Ребел“ кој го става Охрид на светската мапа на Апсолут забавите по цена од 200 денари во претпродажба можат да се најдат во чаршијата кај „Аждер’ или да се резервираат на тел.+389 78 858 499.
Клубот „Ребел“ го става Охрид на светската мапа на Апсолут забавите
OhridNews