Францускиот клуб Асвел кој е во сопственост на легендарниот кошаркар на Сан Антонио, Тони Паркер ги комплетираше учесниците во Евролигата за следната година, која ќе се прошири од 16 на 18 тимови.

Екипата на Асвел во одбраното кошаркарско друштво се најде без играње квалификации или било каков успех, туку со зелено светло од Евролигата. Исполнувањето на одредени критериуми дадени од челниците на Евролигата им донесе виза за двегодишно учество во најквалитетното клупско натпреварување на стариот континент.

Евролигата е натпреварување од затворен вид и може да се учествува само покана, на ист принцип како  во Лигата на шампиоини во ракомет организирана од ЕХФ. Пласман во Евролигата обезбедуваат шампионот во регионалната АБА лига, шампионот од Германија и шампионот од Еврокупот. Сезонава која е во тек Химки игра како финалист од руската лига, а Гран Канарија како прва екипа во Шпанија која нема потребната лиценца од Евролигата.

Покрај екипата на Асвел следната сезона дел од Евролигата ќе биде и Баерн Минхен, кој месец дена претходно доби потврден одговор за учество.

OhridNews