Случувањата околу решавање на статусот на Планинската спасителна служба – ПСС при Црвен крст Охрид, поттикна бројни реакции во јасвноста. Со став за статусот на волонтерските здруженија и односот на институциите кон нив се јави Клубот за подводни дејност „Охрид“ од Охрид, чија реакција ја пренесуваме во целост.
Реакција на Kлубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид, по повод случувањата со ПСС:
Многу е болно кога на една организација која се занимава со спасување на планина и непристапни терени државата, градот и даваат се, Климентова награда, опрема, пари, ама баш се’, а од друга страна Клубот за подводни дејности и сите нуркачки центри во градот добиваат смешни средства. За информација само клубот за подводни дејности за 2020 година има добиено од градот/државата 60 000 денари, од кои 56 000 денари плаќа за просториите во СРЦ Билјанини Извори.
За 2021 година на нуркачките центри им се доделени овие суми: Амфора 60 000 денари, Акватек 60 000 денари, Клуб за подводни дејности 150 000 денари, вкупно сите нуркачи во Охрид помалку од 5 000 евра на годишно ниво, а само еден основен комплет е 2000 евра.
Ги поддржуваме сите проекти на ПСС и на Црвен крст, меѓутоа како нуркачи кои 35 години чистат, организираат еко акции, вадат бомби, вадат давеници, учествуваат во сите спасителни акции на вода, вршат обуки, обезбедуваат маратони, Водици и имаат толку акции во текот на еден месец колку Планинарска служба за уште 100 години постоење. Доста е веќе фалење по телевизии и пресови, па ние цел живот работиме, а немаме за бензин да фрлиме, опрема сами купуваме, филтри, боци за нуркање. Компресорите сами ги купуваме и одржуваме. Последен пример е нашиот волонтерски ангажман во барање на удавено лице во друг град. Три дена по десет нуркачи со сопствени средства возила и опрема. Секаде каде не побарале сме оделе скромно и достоинствено со огромно знаење со сопствена опрема, со сопствени средства и не сме сакале ни да се пишува ни зборува за нас. Немаше ни сега да се обратиме меѓутоа последната реакција на Планинарската спасителна служба и враќањето на Климентовата награда направи револт кај сите нуркачи во Охрид.
35 години работиме спасуваме, се правиме а не сме добиле ни 1 процент од тоа што го добила Планинската спасителна служба, барем едно возило половно, а сме направиле и ќе правиме уште многу и за градот и за државата само бараме барем еднаш некој да помисли на нас, посебно Планинарската служба кога парадираат со возила, моторни санки, кога ручаат во Станица. Да знаете дека една група луѓе помага и не сака да се експонира, едноставно помага без пари. Поради тоа ја поддржуваме одлуката на Советот на Општина Охрид и бараме распоредување на средствата и на другите спасувачки групации.
Единствен кој се сетил на нас досега е OhridNews кој ни даде плакета, друго немаме добиено ништо, ни денар од никого, сите средства што ги добиваме се смешни.
Со почит и револт сите нуркачи од Охрид
Kлуб за подводни дејности „Охрид“ од Охрид
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите