Напаѓачот на Манчестер јунајтед и португалски репрезентативец Кристијано Роналдо би можел кариерата да ја продолжи во засега неименуван клуб од Саудиска Арабија, а целиот трансфер би бил вреден 300 милиони евра, го пренесува денеска шпанскиот весник „АС“ пишувањето на дел од португалските медиуми.
Роналдо изрази желба да го напушти Манчестер јунајтед бидејќи е незадоволен од состојбата во премиерлигашот. Португалецот не се појави на почетокот на подготовките на клубот од „Олд Трафорд“, а не отпатува ниту со Манчестер јунајтед на турнејата во Азија.
„АС“ пренесува дека добил потврда оти неименуван клуб од Саудиска Арабија е заинтересиран за Роналдо.
Од вкупниот трансфер од 300 милиони евра, според медиумите, на Роналдо му е понуден двегодишен договор вреден 250 милиони евра.
OhridNews