Две замени во составот на Македонската фудбалска репрезентација се случија ден пред пријателскиот натпревар со Словенија.

Поради сеуште несанирана повреда Бојан Марковски од Аполон Лимасол нема
да биде дел од тимот кои во понеделник го има првиот собир пред
пријателскиот натпревар против Словенија во Скопје, информираат од
репрезентацијата.

Како негова замена стручниот штаб на Македонската репрезентација го повика Кирче Ристевски од албанскиот прволигаш Билис Балш. Во составот на Македонија нема да биде ниту Иван Тричковски.

Неговиот тим белгиски Клуб Бриж во саботата пратил допис до Фудбалската
федерација на Македонија во кои јасно наведува дека нема да го ослободи
Иван Тричковски за натпреварот на Македонија против Словенија. Старите
повреди на Тричковски се наведени како причина Клуб Бриж да не му
дозволи на Тричковски да допатува во Скопје и да биде дел од составот на
Македонија.


„Ставот на нашиот национален тим е дека постапката на Клуб Бриж е
некоректна и спротивна на правилата на УЕФА и ФИФА. Се разгледуваа две
опции, првата, јасно да се држиме до правилата на УЕФА И ФИФА и да се
упати жалба на еднострано донесената одлука на Клуб Бриж и втората, која
на крајот се прифати, се откажува повикот за Иван Тричковски да биде
дел од составот на Македонија за пријателскиот дуел со Словенија
“, велат
од репрезентацијата.

Стручниот штаб сметал дека под вакви околности Тричковски нема да биде
во состојба целосно да се посвети на репрезентацијата и максимално да
биде концентриран во извршување на задачите како на тренинзите, така  и
на самиот натпревар.

“Макфакс“