Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги сумираше впечатоците од натпреварот од 3. коло на Премиер лигата против Манчестер Јунајтед (1:2).

Тие беа многу агресивни на почетокот, беше јасно што ќе се случи понатаму. Беа поагресивни од нас и веднаш ја погодија стативата. Немавме доволно среќа против противник каков што е Манчестер Јунајтед, би било корисно да имаме 1:1 до паузата. Требаше повеќе да ги искористиме нашите шанси, но во вториот дел Де Хеа направи фантастични одбрани. Не бевме 100 проценти подготвени. Имаме тешка ситуација со повреди, функционираме една недела со 14-15 играчи и сега треба да се погрижиме да не се повредат. Требаше да го добиеме овој натпревар. Знам дека звучи смешно, но јас така го видов. Загрижен сум за нашата ситуација. Сега се подготвуваме за Бурнмаут и Њукасл, изјави Клоп за „Скај спортс“.

Ливерпул во три кола од шампионатот на Англија освои 2 бода.

Воедно, за „црвените“ поразот од Манчестер јунајтед беше прв во Премиер лигата оваа година. Претходно Ливерпул загубија во декември 2021 од Лестер со 1:0.

OhridNews