Екипата на Ливерпул со 3-1 го совлада Арсенал во дербито на Енфилд и се израмни со Евертон и Лестер на врвот од табелата во Премиер лигата. „Црвените“ трите бодови ги освоија со пресврт, откако гостинот од Лондон поведе во текот на натпреварот.

Арсенал даде гол од првиот контра-напад. Ние немавме среќа во таа ситуација, но потоа игравме неверојатно добро. Брзо се вративме во игра, а потоа и поведевме што е доволен показател какви се овие момци. Робертсон згреши за првиот гол, но индивидуални грешки се случуваат и тоа е составен дел од фудбалот. Важно е што фудбалерот продолжи да игра како ништо да не било и го постигна погодокот за водство. Карло Анчелоти со Евертон брилира и не ме изненадува, а Лестер е екипата која игра најдобар фудбал. Но сега почнавме и затоа мислам дека табелата не е важна. – изјави менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп.

Германскиот стручњак го пофали Диого Жота кој со деби погодокот ја заоечати победата на Ливерпул во дербито со Арсенал.

Во четртата рунда составот на Ливерпул гостува кај тимот на Астон Вила.

OhridNews

 

Арсенал покажа заби, Ливерпул славеше во дербито на Енфилд (видео)