Актуелниот шампион во Премиер лигата Ливерпул испиша негативен рекорд во англискиот фудбал претрпувајќи висок пораз 7-2 од Астон Вила на „Вила Парк“ стадионот. Од 1953 година до вчера, никој првак во Премиер лигата не примил седум погодоци. „Црвените“ не наликуваа на екипа која во последниве две сезони ги освојуваше титулите во Премиер лигата и Лигата на Шампиони.

Не сум сигурен дека можам да објаснам што се случи. Можам да ви кажам јас што видов. Видов дека составот на Астон Вила со погодокот ја казнуваше секоја наша грешка. Очигледно е дека грешевме многу. Првиот погодок по грешка на Адријан не дестабилизираше, а не требаше. И порано сме примале идентични погодоци, но сме играле многу подобро. Натпреварот после првиот погодок се одвиваше во погрешен правец за нас. Се што правевме беше погрешно. Мора брзо да го заборавиме поразот, но мечот да го паметиме и да ни биде пример за следните мечеви. – изјави германскиот стручњак Јирген Клоп.

Во Премиер лигата следува двонеделна пауза, а потоа на програмата е „Мерсисајд“ дербито помеѓу Евертон – Ливерпул.

 

OhridNews

 

Фудбал: Дебакли на Манчестер Јунајтед и Ливерпул, четири голови на Левандовски (видео)