Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп бурно, со втрчувањето на теренот го прослави погодокот на Дивок Ориги во судиското продолжение на дербито со Евертон на Енфлид. Тој погодок се покажа пресуден и „црвените“ го освоија целиот плен и ја продолжија трката со Манчестер Сити.

После натпреварот германскиот стручњак се извини, но менаџерот на Евертон, Марко Силва не го прифати.

  • Морам да се извинам и да кажам дека јас никој не сакав да навредам. Едноставно емоциите ме понесоа и не можев да се воздржам. Никогаш не сум планирал влез на теренот, но ете се случи и тоа. – изјави Клоп.

Ливерпул нема време за славење, бидејќи за два дена гостува кај Барнли во вондредната 15-та рунда во Премиер лигата.

OhridNews