Серијата без пораз на Манчестер Јунајтед во дерби средбите со Ливерпул застана на осум натпревари. „Црвените“ од Енфилд со 3-1 го совладаа ривалот во големото англиско дерби и се вратија на врвот од табелата во Премиер лигата. Џокер на Ливерпул беше Џердан Шаќири кој постигна два погодоци од 73-та до 80-та минута, а во игра влезе во 70-та минута.
- Беше добар натпревар. Почнавме многу добро, брилијатно напаѓавме и се бреневме и го одигравме најдоброто полувреме откако јас сум во Ливерпул. Првото полувреме беше генерално добро, постигнавме еден погодок, а веројатно никој не очекуваше да реализираме четири или пет погодоци. Во еден момент го заубивме моментумот и примивме погодок., но не бев загрижен за резултатот, бидејќи играта беше ветувачка. Менувавме двајцата тренери. Фелаини никогаш не е добар знак за противничкиот тим. Тој е еден од оние играчи кои тешко се чуваат, но успеавме, а чекор по чекор ја враќавме доминацијата. Шаќири кога влезе донесе свежина и опција плус во нападот, а од двете шанси постигна погодоци и го затвори мечот. – изјави германскиот стручњак Јирген Клоп.
Предводнкот на Ливерпул се израдува на прва победа во Премиер лига против Манчестер Јунајтед, откако во претходните пет дуели претрпе два порази и три пати екипите ремизираа. „Црвените“ од првата позиција ќе го пречекаат густиот распоред кој следува околу божиќните и новогодишните празници во англиската Премиер лига.
OhridNews