Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп инсистира дека предност од шест поени на врвот на Премиер лигата не е вистинска причина за прослава, барајќи од своите фудбалери да останат фокусирани на својата задача.
„Црвените“ се на половина пат од титулата. После 19-ет одиграни мечеви во Премиер лигата имаат 51 бод. Шест помалку има Тотенхем, а седум Манчестер Сити.
- Предноста пред Тотенхем и Манчестер Сити не значи ништо. Следно играме со Арсенал и Сити. Убаво е што имаме предност, но тоа беше главната цел – да се направи добра база за тоа што сакаме да го направиме во остатокот од сезоната. Сега, првиот дел од сезоната е завршен. Сакаме да си направиме сами историја. Бројките се добри, ситуацијата е добра, но има уште 19 натпревари пред нас. – изјави Клоп.
За Германецот ова беше 100-та победа како тренер на Ливерпул во само 181 мечеви, со што е подобар од легендарните тренери Боб Пејсли и Бил Шенкли.
OhridNews